Во која земја да избегате од ефектите на климатските промени?

- Advertisement -

Врз основа на истражување на Универзитетот Нотр Дам, организацијата Eco Experts креираше мапа и ги рангираше земјите каде што ќе има најслаби и најсилни ефекти од климатските промени. Податоците на Нотр Дам се резултати на анлизата на фактори како здравство, снабдување со храна и стабилност на власта. Додека САД беа меѓу топ 10 земји кои ќе ги преживеат климатските промени според листата од 2015 година, годинава спаднаа на 12-то место.

Многу добро би ни дошло едно засолниште од се. Некаде каде што е топло, но не е жешко. Некаде каде што нема урагани, има река или океан во близина, но се доволно далеку за да нема поплави и опасност од покачување на нивото на водата. Според научниците кои ја истражуваат климата и урбаните планери, нема многу такви места на Земјата.

- Advertisement -

„Може да се каже дека секаде ќе има лоши последици од климатските промени. Прашањето е кој најдобро ќе се организира за да се справи со нив“ велат научниците.

Некои земји ќе се снајдат многу подобро од други, според Eco Experts, кои направија мапа со податоците на Индексот за глобална адатпација на Универзитетот Нотр Дам. Индексот анализира 181 земја според способноста да се справат со предизвиците на затоплувањето на планетата, пренесува Business Insider. Норвешка е на прво место, додека повеќето нордиски земји се веднаш зад неа.

- Advertisement -

Мапата ги зема предвид податоците на ниво на држави, не на региони или градови. На пример, САД како земја е обоена со зелена боја на мапата, што значи дека има мал ризик, но многу градови во рамките на САД не се подготвени за справување со климатските промени. Генерално, развиените земји имаат поголеми буџети и подобра инфраструктура на која можат да работат, па тоа автоматски ги става на врвот на листата, додека сиромашните земји се најдолу.

Погоре можете да ги погледнете целосните мапи.

Сподели!
- Advertisement -