Милијардерот Ворен Бафет предвидува лош крај за биткоин

- Advertisement -

Бафет уште во 2014 година јавно го произнесе својот став за биткоин и кажа дека не го смета за валута, туку за фатаморгана.

Што ќе се случи со биткоин и како ќе се движи неговата вредност во иднина моментално никој не може да каже со сигурност. Ворен Бафет, кој е еден од најпознатите и најбогати американски бизнисмени, е јасен во својот став – тој не сака да го види биткоин или некоја од другите криптовалути во своите компании.

- Advertisement -

„Немаме криптовалути, не се обложуваме на нив, ниту пак некогаш ќе имаме некоја инвестиција во нив“ изјави Бафет на едно интервју.

Тој истакна дека не му паѓа на памет да учествува во краткотрајна иднина. „Ова што се случува со биткоин нема да заврши добро“ прогнозира Бафет.

Сподели!
- Advertisement -