Кои држави сметаат дека имале најголема корист од ЕУ?

- Advertisement -

Во период кога Европската унија ја „стресе“ исходот од референдумот во Велика Британија која ќе излезе од Унијата и растот на десничарскиот популизам низ континентот, евроскептицизмот претставува закана за ЕУ како никогаш до сега. Но и покрај сите негативни ситуации, мнозинството од граѓаните во повеќето од држави сметаат дека имале корист од членството во унијата, пишува Светскиот економски форум.

Според Европскиот парламент, 90% од луѓето во Ирска сметаат дека одлуката на државата да влезе во Унијата се исплатила. Најголемиот бенефит е тоа што од држава со економија базирана на земјоделство, Ирска после членството прерасна во модерна држава со економија базарина на високотехнолошка индустрија.

- Advertisement -

Малта и Литванија се блиску позади Ирска, во кои 89% и 88% од луѓето, соодветно, се согласиле дека членството се исплатило. Во Грција и Кипар луѓето се далеку попесимистични. 48% од Грците и 45% од Кипарците сметаат дека немааат бенефити од членството во ЕУ. Италија има најнизок процент на задоволство од членството во Унијата каде само 39% луѓе се согласиле дека имаат корист.

Еве ги податоците за останатите земји – членки на Европската унија.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -