Хрватската конзола MAKERbuino го освои CES 2018 – добија понуди од целиот свет

- Advertisement -

Саемот за потрошувачка електроника СЕS само што ги затвори своите врати и допрва ќе ги сумираме впечатоците, но уште сега можеме да кажеме дека еден од хрватските производи предизвика огромен интерес како меѓу посетителите така и меѓу потенцијалните инвеститори.

Како што пренесува Zimo, Алберт Гајшак отиде во Лас Вегас да ја покаже својата конзолата МAKERbи да ги инспирира инвеститорите и продавачите, но наиде на интерес кој ги надмина сите негови очекувања. Меѓу компаниите кои се заинтересираа за MAKERbuino се Amazon и Indiеgogo, а Гајшак открива дека имало и други понуди.

- Advertisement -

„На саемот ни пријдоа многу американски препродавачи кои се заинтересирани да ја понудат MAKERbuinо во своите онлајн продавници и физички малопродажни дуќан. Како што знаете меѓу нив е и Amazon кој е заинтересиран за користење на MAKERbuinо во својата STEM club програма, во која препродава едукативни производи и организира STEM работилници“ објаснува Гајшак. 

Освен продажба на американскиот пазар, Гајшак и неговиот тим добија и бројни понуди своето производство да го преселат во Украина, Кина или во Малезија. Засега тоа не им е во план. MAKERbuinо е играчка конзола која се испорачува во делови и треба сами да ја составите следејќи ги инструкциите на Интернет. Во тој процес се развива страста за програмирање, електроника и технологија. Досега се продадени повеќе од 300.000 примероци од конзолата, а со неодамнешната кампања на Kickstarter собраа 100.000 долари.

Сподели!
- Advertisement -