Од март алкохол ќе се продава и по 19 часот

- Advertisement -

Според најновите предлог-измени во Законот за трговија кои ќе ја либерализираат продажбата на алкохол, ќе се укинат ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година. Тоа значи укинување на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и можност алкохолни пијалаци да се продават во киосци, освен на бензинските станици.

Единствено не е предвидено да се укине обврската за поседување лиценца за продажба на алкохолни пијалаци. Надоместок за прв пат вадење лиценца за продажен објект, која важи две години изнесува 20.000 денари. За продолжување на лиценцата  трговецот е должен да плати надоместок од 5.000 денари за секој  продажен објект ако има до  три, и 15.000 денари за секој ако има над три објекти, како и 0,05 отсто од вкупниот промет во претходната година.

- Advertisement -

Од комората, пак, неодамна укажаа дека откако биле воведени лиценците, над 5.500 трговски објекти во земјава од вкупно 13.000, се откажале од продажба на алкохол, со што драстично се намалил нивниот промет.

Ограничувањето на продажбата во изминатите години, според бизнисот, го стимулираше производството и трговијата со алкохол „на црно“. Не се намали ни продажбата на алкохол, што беше еден од главните аргументи за воведување рестрикции. Од комората објаснија единствена ефикасна мерка е ригорозна примена на одредбите за забрана на продажба и точење алкохол на лица под 18 години.

Сподели!
- Advertisement -