Седум генијалци во кои никој не верувал, а денес се сопственици на гиганти

- Advertisement -

Тешко е да се поверува, но многу големи корпорации кои изгледаат како денес да го поседуваат половина свет настанаа во мали гаражи. Сајтот Bright Side пренесува какви почетоци имале некои од денес најуспешните компани во светот.

YOUTUBE
Чед Харли, Стив Чен и Џавед Карим станале пријатели во 2005 година додека работеле за PayPal. Една вечер Стив и Чед биле на забава на која Џавед не можел да присуствува, а многу било тепко да се сподели видео од забавата за да го види Џавед. Ова е првиот чекор кон креирањето на YouTube. Денес YouTube има околу милијарда корисници, што е речиси една третина од сите корисници на Интернет.

- Advertisement -

NIKE
Недостатокот на евтини патики во американските продавници довел до тоа Фил Најт да нарача патики од Азија и да ги продава во САД. Во 1965 година својата компанија ја нарекува Nike по божицата на победата и почнува сопствено производство. Првиот ѓон за првите патики го направиле со калап за фавли. Набрзо потоа Nike поседува 50% од американскиот пазар. Nike Air Jordan се патики од 1984 година направени за Мајкл Џордан. Пред секој натпревар кошаркарите морале да платат парична казна во износ од 5.000 долари за да ги носат патиките, но тоа е првиот пример за реклама во живо и тоа многу успешен. Денес Nike е компанија која е број 1 во спортската индустрија.

IKEA
Ингвар Кампрад продавал божиќни честитки, печурки и бобинки, а кога имал 17 години ја основа IKEA (името е составено од иницијалите на своето име, името на фармата и името на селото од кое потекнува. ТЅој создава револуционерен свет на мебел во делови, односно мебел што се составува. Подоцна таа идеја му овозможува милион комбинации. Денес IKEA има повеќе од 400 продавници во целиот свет.

- Advertisement -

INSTAGRAM
Кевин Систром сакал да фотографира и може да се рече дека бил опседнат со тоа. По третата година на Стенфорд отишол во Фиренца за да студира фотографирање. Добива филмска камера Holu од 1982 година која прави ретро фотографии. Тоа го инспирира да создаде услуга која би можела да направи ремек дело од лошите фотографии. Instagram се појави на 6 октомври 2010 година во AppStore и тогаш почна ерата на мобилната фотографија. Во 2012 година Facebook го купи Instagram за милијарда долари.

LEGO
Оле Кирк Кристијансен, дански столар, во 1932 година банкротира, стануѕва вдовец и останува сам со 4 деца. За да го одржи позитивниот дух почнал да прави играчки за децата, а потоа некои почнал и да ги продава. Тој на своите играчки им го дал името Lego и отворил продавница. Светски успех постигнува во 1954 година и до ден денес неговите играчки се едни од најпознатите и најскапите во светот.

- Advertisement -

ZARA
Шпанскиот кројач Армандо Ортега во 1975 година шетал со својата девојка о поминувајќи поркај една продавница видел многу убав пењоар. Меѓутоа, бил неверојатно скап, а тоа Ортега го натерало да направи своја исклучително убава, а евтина долна облека. Ортега денес е на 4 место на листата со најбогати луѓе во светот на магазинот Forbes.

KINDER SURPRISE
Пјетро Фереро во 1940 година почнува да произведува слатки во мала пекарница. Преку своите пекарски експерменти станува познат во цела Италија, а набрзо и во целиот свет. Негвиот помошник Мајкл го измислил Kinder Surprise инспириран од италијанските традиции за Велигден. Првата испорака на киндер јајца во 1972 година се продала за еден час. Денес Ferero го водат синовите на Мајкл, Пјетро и Џовани. Оваа компанија произведува многу од омилените слатки производи во целиот свет како што се: Nutela, Rafaelo, Tik Tak, Ferero Rošer…

Сподели!
- Advertisement -