Миленијалците навистина може да ги фати паника доколку не можат да пристапат до своите профили на некоја од социјалните мрежи. Нордиската апликација Нold има за цел да се бори против таквите примери на зависност од паметните телефони. Апликацијата функционира така што ги наградува корисниците кои нема да гледаат постојано во своите телефони додека се во кампусот.
Во Норвешка, на пример, 40% of од студентите ја користат Hold. Еден од 8 луѓе се зависни од своите паметни телефони, а кога студираш тоа може да биде токсично. За да се користи Hold мора да можете да се воздржите од користете на телефонот. Притиснувате копче и апликацијата го мери времето кое не сте го користеле телефонот, но нема казни доколку го користите. Доколку не го користите, апликацијата ќе ве награди со поени кои може да ги искористите кај некоја партнерска компанија. На пример, можете да купите билети за кино.
Како што пишува PSFK, Hold се уште ја гради својата мрежа во Обединетото Кралство, а бета верзии на апликацијата ќе бидат пуштени во универзитетите во Лондон во текот на февруари. Наградите кои се нудат во Обединетото Кралство засега се ограничени – 3еден студент за награда добил пенкала. Во нордиските земји, пак, некои студенти имаат освоено и патување околу светот.