Патувањето со авион никогаш досега не било побезбедно, а доказ за тоа е дека 2017 е година со најмалку авионски несреќи. Зголемувањето на безбедноста стана еден од приоритетите во воздушниот сообраќај, а за тоа секако се заслужни и превозниците што се наоѓаат на листата со најбезбедни авиокомпании во светот
Веб-страницата Airlineratings.com од 2013 година следи повеќе од 400 авиокомпании во светот и нејзиниот годишен извештај за безбедноста на компаниите е ценет.
Следува листа на 20 најбезбедни авиокомпании во светот, по азбучен ред:
1. Air New Zealand
2. Alaska Airlines
3. All Nippon Airways
4. British Airways
5. Cathay Pacific Airways
6. Emirates
7. Etihad Airways
8. EVA Air
9. Finnair
10. Hawaiian Airlines
11. Japan Airlines
12. KLM
13. Lufthansa
14. Qantas
15. Royal Jordanian Airlines
16. Scandinavian Airline System
17. Singapore Airlines
18. Swiss
19. Virgin Atlantic
20. Virgin Australia
Во извештајот е нагласено дека „Квантас“ е фантастична авиокомпанија затоа што за речиси во 100 години постоење до денес немала ниту една несреќа со жртви, а кога во прашање е безбедноста, благодарение на нејзините иновации, е лидер на пазарот.
Покрај најбезбедните, објавена е и листа со најмалку безбедни компании, кои од можни 7 ѕвездички за безбедност, добиле само по една. Тоа се:
1. Air Koryo
2. Bluewing Airlines
3. Buddha Air
4. Nepal Airlines
5. Tara Air
6. Trigana Air Service
7. Yeti Airlines