Kodak се префрла од фотоапарати на криптовалути. Ова може да се сфати како одличен пример за тоа до кои размери стигна биткоин манијата. Брендот кој постои еден век изјави дека ќе инвестира во blockchain технологија и планира да лансира криптовалута наменета за фотографи наречена KODAKCoin.
Како што пишува CNN Money, Веднаш по најавата цената на Kodak цената на акциите на компанијата скокна за 125%. Поради растот на цените на криптовалутите како биткоин, лајткоин, рипл и други многу мали бизниси се приклучија на реката од инвеститори.
„За многу компании од технологијата поимите blockchain и криптовалута не се нешто посебно битни. Но, за фотографите кои долго време се борат да си ја заштитат својата работа и како се користат нивните креации овие два поими веројатно го кријат решението на еден нерешлив проблем“ порача извршниот директор на Kodak, Џеф Кларке.
Од Kodak велат дека ќе користат blockchain за новата платформа наречена KODAKOne за да им помогнат а фотографите да управуваат со правата за нивните фотографии. KODAKCoin ќе се користи за транскации кои фотографите ќе ги продадат правата за некое нивно дело.