Google ќе постави три нови подводни кабли во 2019 година

- Advertisement -

Компанијата Google најави дека има намера ди прошири своите Сloud услуги на пет нови региони и дека ќе постави три подводни кабли за да ги задоволи потребните капацитети на тие услуги. Платформата Cloud веќе е функционална во тринаесет региони вклучувајќи ги Токио, Тајван, Мумбаи, Сингапур, Сиднеј, Лондон, Белгија, Франкфурт, Сао Пауло, Орегон, Ајова, Северна Вирџинија и Јужна Каролина, а проценува дека ќе го сочинува вкупно 25% од целиот Интернет сообраќај.

Како што пишува Klix.ba, платформата сега ќе се прошири на Хонгконг, Лос Анџелес, Холандија и Финска. Ова значи дека компаниите во тие региони кои ја користат платформата Google Cloud за нивните сервери да имаат подобри перформанси и помали серверски пореметувања. Од Google порачуваат дека луѓето кои живеат во овие региони имаат причина да бидат возбудени.

- Advertisement -

Овие кабли ќе се придружат на постојните осум, во кои Google директно инвестираше. Google инвестираше и во услугата Indigo, која ги поврзува Австралија, Индонезија и Сингапур, како и во PLCN, која ги поврзува Хонгконг и Лос Анџелес. И двете услуги ќе бидат во функција од 2019 година.

Кабелот Curie ќе ги поврзува Калифорнија и Чиле и е единствениот кој Google приватно го поседува. Google ќе стане првата телекомуникациска компанија која ќе направи интерконтинентален кабел.

Сподели!
- Advertisement -