Lego влегува во партнерство со кинескиот интернет гигант Tencent

- Advertisement -

Данскиот произведувач на играчки Lego објави во понеделникот дека склучува соработка со кинескиот интернет гигант Tencent Holdings поради развој на интернет игра и потенцијални социјални мрежи наменет за деца во Кина, известува Poslovni Dnevnik

Приходите на Lego се намалија во последниве години, додека пак кинескиот пазар е во раст. За удел во пазарот за играчки во Азија вреден 31 милијарда долари се натпреваруваат со Mattel, производителот на Barbie, и Hasbrom, компанијата позади брендот My Little Pony.

Lego има околу 3% удел во кинескиот пазар, Mattel околу 2%, а Hasbrom околу 1%, покажуваат податоците на Euromonitor International. Во 2016 година, Lego отвори фабрика во Џиашинг која треба да произведува од 70-80% од производите наменети за азискиот пазар.

- Advertisement -

Најавија дека партнерството со Tencent ќе резултира со креирање на сигурно интернет опкружување кое ќе вклучува содржини, платформи и искуства направени посебно за деца.

„Сведоци сме дека повеќе и повеќе кинески деца влегуваат во интеракција со светот по дигитален пат, а ова партнерство ќе им овозможи сигурна и фантастична дигитална содржина кои ќе ги надополни нивните потреби со учење, развој и забава.“, наведува во соопштението раководителот на кинескиот огранок на Lego, Јако Краг.

- Advertisement -

Партнерството вклучува развој на Lego видео зона за деца на видео платформата на Tencent и развој и одржување на игрите со Lego брендот и лиценцата. Пазарната вредност на Tencent изнесува 537 милиони долари и е меѓу најголемите компании во Азија.

Сподели!
- Advertisement -