Оваа футуристичка куќа е најбезбедното место во случај на ураган

- Advertisement -

Self-Excavation Hurricane House е куќа која наместо да подлегне на силата на ветриштата ја користи моќта на ураганот за да се закопа во земјата. Проектот го зема предвид фактот дека ветровите на ураганот на северната хемисфера секогаш се движат во правец спротивен на движењето на стрелките на часовникот.

Основната идеја е како што ветровите ја зголемуваат брзината ќе обезбедат доволно моќ за да ја придвижат куќата со форма на едро по еден ѕид сличен на спирала за да може самата да се закопа што пониско во земја и да се заштити од ветрот. Куќата се закопува на истиот принцип како зашрафување шраф. Околу куќата ќе има вештачки остров дизајниран за да ја истуркува водата.

- Advertisement -

NewAtlas пишува дека како што куќата се закопува во земја, ископаната земја се турка настрана, а вештачкиот остров околу неа ја држи водата надвор. Соларни панели се поставени на ѕидовите на островот, а долу има прстен од турбин кој дејствуваат како иригационо поле за туркање на дождовната вода или водата од поплави.

Сподели!
- Advertisement -