Обновливата енергија до 2020 година ќе биде поевтина од фосилните горива

- Advertisement -

Цената на изворите на обновлива енергија како ветрот и соларната енергија ќе продолжат драстично да опаѓаат

Според најновиот извештај на Интернационалната агенција за обновлива енергија, до 2020 година цената на обновливите извори на енергија ќе биде пониска од цената на фосилните горива. Цените ќе дојдат на 3 центи за киловат/час енергија добиена од ветерни електрани на копно и фотоволтаични соларни проекти, пренесува Green Matters.

Кога станува збор за конкурентнтоста на изворите на обновлива енергија, просечните цени се многу конкурентни. Хидроенергијата е 5 центи за киловат/час, енергијата од ветерни електрани на копно е 6 центи за киловат/час, биоенергијата и геотермалната енергија се 7 центи за киловат/час. Соларната енергија, пак, се уште е поскапа- 10 центи за киловат/час, но сепак, тоа е 73% помалку отколку цената во 2010 година. Цената на енергијата добиена од ветерни електрани на копно досега се има намалено за 23%.

- Advertisement -

Имајќи ги предвид проектите кои се развиваат или веќе се готови, обновливата енергија до 2020 година ќе биде или изедначена или поевтина од фосилните горива. Како што се вели во извештајот на Интернационалната агенција за обновлива енергија, ќе паднат цените на технологијата која сега комерцијално се користи за генерирање обновлива енергија.

- Advertisement -

 

Од агенцијата веруваат дека тоа ќе биде последица на три главни фактори: подобрување на технологијата, поголема конкурентност на пазарот и поискусни девелопери во индустријата. Технолошкиот напредок ќе ги направи изворите на обновлива енергија поефикасни. Научниците постојано работат на соларни панели кои искористуваат повеќе соларна енергија, поголемите турбини креираат повеќе енергија од ветрот. Според извештајот, во индустријата за обновливи извори на енергија досега се инвестирани повеќе од 1 трилион долари и креирани се околу 10 милиони работни места.

Сподели!
- Advertisement -