Во Норвешка сите кратки летови ќе бидат со авиони на електричен погон до 2040 година

- Advertisement -

Скандинавската држава веќе има повеќе електрични возила од било која друга држава во светот, со тоа што електричните и хибридните возила биле повеќе од половината регистрирани возила во 2017 година. Но Норвешка не запира тука и напорите за одржлив транспорт ги проширува и кон воздухоплоството.

Државата се обврза дека до 2040 година сите кратки летови кои ќе сообраќаат, ќе бидат изведени со електрични авиони. Ова ќе биде првата држава во светот која ќе ја направи оваа транзиција, според Даг Фалк – Петерсен, извршениот директор на Avinor, авиооператорот во државна сопственост.

- Advertisement -

„Сметаме дека сите летови кои траат најмногу до еден час и половина можат да бидат изведени со авиони на електричен погон. Ова значи дека ќе бидат опфатени сите домашни летови и летовите до блиските држави. Кога ќе ја постигнеме оваа цел, авиопревозот повеќе нема да биде еден од причинителите на климатските промени.“, изјавил Петерсен.

Со ваквиот тип на авиони не само што значително ќе се намали загадувањето, туку и ќе се скратат трошоците на авиокомпаниите. Иако, додека да се постигне целосно функционирање на ваквата замисла, ќе се користат биогорива и хибридни решенија за да се изведе транзицијата.

- Advertisement -

Но, и покрај тоа што Норвешка прави големи чекори во однос на одржливиот транспорт, државата уште останува најголемиот производител на нафта и гас во западна Европа, пишува Guardian. Но следуваат промени и во тој поглед – Норвешката централна банка која работи со фонд тежок трилиони долари, планира да ги намали инвестициите во големите нафтени компании како BP, Royal Dutch Shell и ExxonMobil со цел да го направи фондот помалку ранлив поради постојаниот пад на цените на нафтата.

Деновивите, главниот град Осло најави субвенции за своите граѓани за електрични велосипеди.

Сподели!
- Advertisement -