Samsung ќе им подели бесплатни Galaxy Note 8 уреди на сите учесници на Зимските Олимписки игри

- Advertisement -

Непосредно пред почетокот на зимските олимписки игри кои оваа година се одржуваат во Јужна Кореа, Samsung претстави лимитирано издание на Galaxy Note 8 уредот. Во соработка со Меѓународниот олимписки комитет и Организацискиот одбор во Пјонг Чанг, Samsung ќе подели повеќе од 4.000 вакви уреди бесплатно на учесниците на олимписките и параолимписките игри, пишува Zimo.

Лимитираното издание на Samsung Galaxy Note 8 ќе има засилени алатки како иновативниот infinity екран од 6.3 инчи без рамка, подобрено S Pen пенкало за типкање и двојна камера – најдобра во таа категорија. Ова издание на телефонот исто така ќе има сјајно бело стакло со кое Samsung ја означува зимската тема и златни олимписки прстени.

- Advertisement -

[quote]„Во текот на дваесетгодишното партнерство со олимписките игри, Samsung даде поддршка на олимпиското движење помагајќи во проширувањето на олимпискиот дух и унапредување на врските преку нашите најнови технолошки иновации и искуства.“, изјавил Јанги Ли, главниот директор за маркетинг и извршен потпретседател на Samsung.[/quote]

Лимитираното издание за олимписките игри Пјонг Чанг 2018 ќе има и однапред инсталирани корисни апликации за зачувување на искуствата од игрите.

Сподели!
- Advertisement -