ЕЛЕМ вложува 20 милиони евра за заштита на животната средина

- Advertisement -

Електрани на Македонија во својата Годишна инвестициска програма ќе одвои 20 милиони евра за еколошки проекти со кои ќе придонесе во заштитата на животната средина.

Меѓу другото предвидени се финансиски средства и за реконструкција на електростатските филтри и за намалување на емисиите на прашина во РЕК Битола.

- Advertisement -

„Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на аерозагадувањето во Битола и околината.“, изјавил денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Годишната инвестициска програма на ЕЛЕМ за 2018 година беше разгледана на вчерашната владина седница.

- Advertisement -

(МИА)

Сподели!
- Advertisement -