Шест нешта кои секој експерт за комуникација треба да ги знае во 2018 година

- Advertisement -

Меѓународната агенција за комуникација Grayling претстави шест маркетинг и комуникациски трендови за кои верува дека ќе им помогнат на брендовите и експертите за комуникација во компаниите да постигнат одлични резултати во 2018 година

1. Заземање став

Границите помеѓу бизнисот, политиката и културата се сѐ повеќе нејасни. Организациите веќе немаат простор за негодување бидејќи потрошувачите бараат транспарентност, посветеност и акција, додека пак разноликоста е императив.

- Advertisement -

2. Урбана визија

Маркетинг експертите сѐ повеќе ќе бидат фокусирани на глобалните „супер градови“ и нивната брзорастечка популација, овозможувајќи им на своите брендови значаен простор и остварување комуникација со културно освестена публика која може да им влијае на другите. Ова ќе има влијание не само на брендовите, туку и во јавниот домен.

- Advertisement -

3. Време е за приказна

Од рекламни серијали и Instragram Stories до можности кои ги пружа виртуелната реалност, брендовите сѐ повеќе пронаоѓаат нови начини за употреба на наративи со желба да се привлече вниманието на корисниците и градење на база на луѓе кои ќе ве следат. Компаниите треба да одлучат заедно со своите маркетинг менаџери колку храбро сакаат да настапат во својата промоција.

- Advertisement -

4. Учење преку тестирање

Промените се одвиваат сѐ побргу и побргу, а организациите и компаниите со различни големини веќе во поголема мера го прифаќаат менталитетот на стартапите. Императив се идеите кои доаѓаат од големиот број на извори и брзи иновации, додека пак тестирањето во живо и бета операциите стануваат правило без разлика дали компанијата произведува пијалоци, се занимава со малопродажба или пак станува збор за медиум или банка.

5. Игра на брендовите

Со оглед на тоа дека паметните организации го градат својот имиџ преку секојдневна интеракција со потрошувачите преку различни промоции, акции и наградување, можеме да заклучиме дека сѐ е маркетинг. Доколку го сфатете ова, ќе развиете одлична стратегија.

6. Економија на внимание

Доколку брендовите сакаат да се пробијат во светот на дигиталното во кој вниманието на потрошувачите е ограничен ресурс, потребно е да се инвестира во богата содржина со вистинска вредност.

Сподели!
- Advertisement -