Во Мумбаи се случува најмасовното чистење на плажа од пластичен отпад

- Advertisement -

Во текот на изминатите 119 недели волонтери се собираа на плажата Версова во Мумбаи за да ги исчистат вкупно 12.000 тони пластичен отпад. Таа акција уште трае. Во октомври 2015 година еден млад адвокат од Мумбаи, Афроз Шах, одлучи да направи нешто во врска со отпадот на неговата омилена Версова плажа. Заедно со неговиот 84-годишен сосед Шах се упатил со ракавици и кеса за да собира ѓубре. Не ни можел да претпостави дека таа негова постапка ќе прерасне во големо движење.

Со тек на време неговите напори за чистење на плажата привлекоа големо внимание. Одејќи од врата на врата и говорејќи за важноста на чистењето на плажата тој собра волонтери – неговите пријатели, соседи, рибари, деца, па дури и филмски ѕвезди од Боливуд. Луѓето почнаа да се сбоираат секој викенд во недела попладне за да чистат заедно со Шах.

- Advertisement -

Нивните напори се исплатија и по 119 последователни викенди чистење плажата Версова е целосно трансформирана. Песокот сега е чист. Шах проценува дека од почетокот досега од плажата долга 3 километри се отстранети околу 12.000 тони пластика.

Акцијата за чистење не остана незабележана и од Обединетите нации. ОН го прогласија Шах за „шампион на Земјата“ во 2016 година. Неговата работа исто така е интегрален дел од минатогодишниот документарен филм „Плима од пластика“ („A Plastic Tide“).

- Advertisement -

Шах вели дека не може да сопре со чистењето затоа што плажата повторно ќе се врати во старата состојба. Неговата работа е постојана борба со оглед на тоа дека 8 милиони тони пластика годишно завршуваат во океаните.

Сподели!
- Advertisement -