Десет земји кои бележат најголем пад на бројот на жители во светот се од Источна Европа, меѓу кои е и Србија, а се проценува дека нивната популација ќе се намали за повеќе од 15% до 2050 година. Уште повеќе загрижува тоа што најголем дел од земјите одбиваат да размислуваат за решенија за забавување на претстојната демографска катастрофа, пренесува Bizlife.
Како што наведуваат од Обединетите нации, меѓу десетте земји во кои се забележува најголем пад на бројот на жители се Бугарија, Молдавија, Летонија, Украина, Хрватска, Романија, Србија, Полска и Унгарија. На таа листа предничи Бугарија и се очекува дека бројот на жители во земјата ќе се намали од 7 милиони во 2017 година на 5,4 милиони во 2050 година, односно за 23%.
Се наведува и дека бројот на жители во Србија ќе се намали за 15%, во Хрватска за 17%, а во Украина за 18% до 2050 година. Од 1989 година бројот на жители во најмалку 11 земји е намален за повеќе од 10%, вклучувајќи ја Летонија (27%), Литванија (23%), Бугарија и БиХ (по 21%). На падот на популацијата влијаат три фактори: намалувањето на стапката на фертилитетот, масовната емигграција и релативно високата стапка на смртност.