По прв пат откриена лутачка црна дупка во нашата галаксија

- Advertisement -


Досега само се претпоставуваше, но сега по прв пат е забележана една лутачка црна дупка на ѕвездена маса. Уште поинтересно е тоа што е откриена во нашата галаксија и веројатно е една од многу такви, порачуваат научниците. За астрономите кои трагаат по црни дупки ова е возбудливо време кога нивната работа цвета.

Научниците сега веќе рутински откриваат гравитациски бранови кои патуваат низ вселената од мали црни дупки кои се спојуваат. Блиску до нашиот дел од светот сведоци бевме и на драматичен вселенски огномет, кој настанува кога супермасивна црна дупка од Млечниот пат и нејзините мали „роднини“ се хранат со облаци од гас или дури со цели ѕвезди. Меѓутоа, никогаш претходно не сме виделе долго предвидуван феномен – изолирана црна дупка која безцелно патува по вселената.

- Advertisement -

Така беше се досега. Научниците сега го најавија првото недвосмислено откритие на слободно лутачка црна дупка, која лута во празнина на оддалеченост од околу 5.000 светлосни години од Земјата. Истражувањето, кое се појави на 31 јануари на научниот репозиторум arXiv, но уште не е рецензирано, претставува кулминација на над десетици години истражување.

(Scientific American)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -