Порака од Google: прилагодете се на промените и стекнете дигитални вештини!

- Advertisement -

Времето за традиционална едукација која ќе ги научи луѓето на вештини кои ќе можат да ги применуваат во текот на целиот живот, веќе одминува

„Технологијата целосно го промени начинот на живеење, комуницирање, работа и образование, а за да можат луѓето подобро да се прилагодат на промените, особено во бизнис светот, потребно е да им се овозможи континуирана и целоживотна едукација. Поради брзиот напредок на технологијата, луѓето треба да се фокусираат на константно образование во текот на целиот живот кое ќе ги следи промените и ќе им овозможи конкурентност на пазарот на трудот.“, напиша во колумна за NBC, Сандар Пичаи, извршниот директор на Google.

Тој додава, дека кога се работи за технолошка едукација, најчесто се споменува програмирање, но иако тоа е виталната компонента на IT едукацијата, постојат бројни дигитални вештини кои луѓето можат, па дури и мораат да ги научат и да ги применуваат.

- Advertisement -

Дури и Google како компанија инвестира во едукација на своите вработи и обуки за дигитални вештини, со тоа што минатата година вложиле околу милијарда долари за таа намена. Преку овие обуки, вработени учат да ја користат технологијата за да истражуваат, планираат, анализираат податоци итн.

Сподели!
- Advertisement -