Холандија стана втор најголем извозник на храна во светот

- Advertisement -

Холандија ја намали употребата на вода за 90% и речиси целосно ја изфрли употребата на пестициди, а сепак успеа да стане вториот најголем извозник на храна во светот. Холанѓаните ја користат технологијата и науката за да ги поместат границите на земјоделството. Дронови се користат за да се следат полињата со кромид и компири и на тој начин се добива речиси повеќе од дупло плодови од просекот на глобално ниво.

Како што пишува Светскиот економски форум, огромни површини од земјата се покриени со стакленици, каде што се произведуваат неверојатни количини овошје и зеленчук. Холандија сега извезува повеќе домати, чили пиперки и краставици отколку која било друга земја во светот. Холандија е неверојатен пример поради еден речиси неверојатен факт – толку е мала и густо населена (1.300 луѓе на квадратна милја) што е 270 пати помалa од САД, кои се извозник број 1 во светот.

- Advertisement -

Досега повеќе од 140 земји во светот ги имаат усвоено методите на холандските фармери, меѓу кои Кина, Индија, Мексико, Бразил, Гана и Етиопија. До 2050 година на планетата Земја ќе има 10 милијарди луѓе и во наредните 40 години ќе ни треба повеќе храна отколку сите посеви низ историјата. Холандскиот пример може да го спаси светот.

Сподели!
- Advertisement -