Во Јапонија, каде што старите традиции постојано се надградуваат со нова технологија, едeн мотел ја користи технологијата за автоматизирано возење за на своите гости да им обезбеди најмодерни папучи кои самите се „паркираат“, пишува DailyMail.
Nissan разви систем за папучи кои се „паркираат“ на влезот во мотелот ProPilot Park Ryokan во близина на Токио со притискање на копче. Секоја папуча има две мали тркала, мотор и сензори за да „возат“ по дрвениот под во ходеникот со помош на технологијата ProPilot Park на Nissan.
Од Nissan велат дека веќе ја користат оваа технологија во најновата верзија од на нивниот целосно електричен автомобил Leaf. Високотехнолошки сензори и камери му овозможуваат на автомобилот да лоцира паркинг место и да се паркира без интервенција од човек.
Освен папучите, истата технологија е вградена и во перничињата за седење на под, кои сами доаѓаат до ниските маси кога треба да седне некој гостин. Избрани гости ќе можат да ја искусат новата технологија во март. Од Nissan велат дека овие папучи имаат за цел да ја подигнат свеста за технологијата за автоматизирано возење и потенцијалната примена во други индустрии освен автомобилската. Nissan планира да има готов целосно автоматизиран автомобил до 2020 година.