Talsan е паметен приврзок за ѓердан

- Advertisement -

Американската компанија Chipp’d произведе гаџет наречен Talsan, кој шретставува позлатен приврзок за ѓердан украсен со Swarovski кристали, но освен елегантниот дизајн, во себе содржи и мал компјутерски систем со Вluetooth радио, кое го прави паметен, пишува Vidi.hr.

Преку поддржаната апликација Talsan овозможува комуникација преку тајни пораки, што функционира на тој начин што на телефонот избирате порака која сакате да ја пратите на саканата личност, а Swarovski кристалите со помош на ЛЕД сијалички ќе светат по одредена шема, која ја знаете само вие двајца.

- Advertisement -

Покрај тоа, ѓерданот ќе ви овозможи со допир на едно копче на страната на приврзокот да испратите повик за помош до некој во кого имате доверба со точна геолокација, како што можете да видите од видеото подолу.

Доколку ви се чини дека ова парче паметен накит е она што ви недостига во животот, можете да го нарачте за 99 долари преку Kickstarter, што е 100 долари помалку отколку неговата предвидена малопродажна цена.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -