Скопје од град со автомобили да стане град со алтернативен транспорт, порака од конференијата за урбана мобилност

- Advertisement -

Повеќе велосипедски патеки, места за паркирање на велосипеди и непрекината нова велосипедска патека долж кејот на реката Вардар се дел од работите што скопскиот градоначалник ги најавува со цел Скопје од град ориентиран кон автомобили да премине во град со алтернативни начини на транспорт, јавува МИА.

На денешната меѓународна конференција посветена на мобилноста на урбаните средини, Шилегов рече дека како приоритет го ставаат проектот „Скопје велоград“ и оти кејот на Вардар ќе го адаптираат за потребите на пешаците и велосипедистите со цел да се намали сообраќајниот метеж во градот.

- Advertisement -

„Ве уверувам дека повторно ќе може да се пофалиме со непрекината нова велосипедска патека долж кејот на Вардар што поради градежните активности на т.н. проект Скопје 2014 е прекината и не е во функција. Левата страна на реката Вардар планираме да добие нови содржини, велисипедски патеки, осветлување и спортски реквизити, а десната страна ќе биде целосно посветена на велосипедистите и пешаците.“, истакна Шилегов.

За намалување на урбаниот метеж и зголемување на употребата на јавниот превоз со градските и приградските средини, од Министерството за транспорт и врски најавуваат и изградба на четири желизнички краци околу Скопје.

- Advertisement -

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, конкретни решенија би биле поголеми сообраќајници, подземна инфрастрктура, користење на јавен превоз и алтернативен превоз, но и подигнување на средства кај граѓаните за намалување на употребата на моторни возила во централните градски средини.

- Advertisement -

Денешната конференција во организација на Град Скопје е дел од проектот за справување со урбаниот сообраќаен метеж финансиран од Европската комисија.

Сподели!
- Advertisement -