Поради огромно загадување, од денес има забрана за возила во центарот на Приштина

- Advertisement -

Заменик-градоначалникот на Приштина, Селим Паколи, најави дека почнувајќи од 6 часот утрово во центарот на градот ќе биде забрането влегување на возила. Забраната, која е дел од планот на Градот Приштина и Министертството за животна средина, ќе важи секој ден од 6 часот наутро до 22 часот на неограничен временски период.

На сите автомобили ќе им биде забрането да влезат во центарот на Приштина, со исклучок на автобусите од јавното претпријатие Trafiku Urban, кои ќе нудат бесплатен превоз во текот на овој период додека важи забраната, пишува Prishtina Insight.

- Advertisement -

„Ќе го блокираме само пристапот на возилата. Забраната за влез во центарот е затоа што тој дел е најзагаден. Јавниот транспорт во време на забраната ќе биде бесплатен. Оваа одлука стапува на сила на 31 јануари и ќе важи додека не се донесе поинаква одлука“ изјави Паколи.

Итните мерки ќе помогнат градот да се исчисти од загадувањето кои во изминатите денови е особено големо. Планот вклучува и забрана на продажбата на јаглен во рамките на градот. Најмлаку 40 инспектори ќе ја следат ситуацијата и ќе спречуваат секаква продажба на јаглен во Приштина.

- Advertisement -

Возилата кои ќе доаѓаат надвор од градот ќе мора да користат алтернативни патишта и нема да смеат да влезат во центарот. Забраната се однесува и на приватните автобуски компании, кои исто така ќе мора да се движат по алтернативни патишта.

 

Сподели!
- Advertisement -