Четворица студенти од Риека во трка за Нобелова награда за студенти и милион долари

- Advertisement -

Морено Павличиќ од Риека со својот тим Sento Solutions во март оди на регионалниот натпревар Hult во Дубаи. Четворицата студенти од загрепскиот Универзитет Верн до глобалниот студентски натпревар и можноста за освојување награда во вредност од милион долари дојдоа со својот USB стик, кој може да детектира неконтролирана или претерана потрошувачка на струја, вода или плин, а доколку се поврзе со некои паметни уреди како телефон корисникот може да има и преглед на протрошувачката.

Со идејата која придонесува за рационално искористување на енергетските ресурси четиричлениот тим победи на национален натпревар во Загреб. Победничкиот тим го сочинуваат Андро Буниќ, Јаков Бајиќ и Петар Фрук. Морено вели дека националната победа е круна на неговиоте петгодишни студии на Универзитетот Верн, каде што бил најдобар студент.

- Advertisement -

„Станува збор за натпревар под организација на Hult Business School и фондацијата „Бил Клинтон“. Денес на натпреварот учествуваат студенти од целиот свет. Глобалниот предизвик за кој студентите поднесуваат решенија е причината за клоквијалното име на натпреварот „Нобелова награда за студенти“. Од една идеалистичка идеја на студенти денес на Hult учествуваат повеќе од 50.000 студнети од различни престижни факултети. Секоја година Hult има различна тема на натпреварот, а студентите треба да покажат знаење, креативност и иновативност за да го решат зададениот проблем.

Сподели!
- Advertisement -