Дубаи планира да се справува со отпадот на многу храбар начин: со најголемата фабрика за производство на енергија од отпад во светот. Според New Atlas, владата во Дубаи ги најави плановите за изградба на фабрика која ќе може да обработи 2 милиони тони отпад годишно. Тоа се околу 60% од вкупната количина отпад која се произведува во Дубаи. Со капацитет од 185 мегават-часови фабриката ќе произведува доволно енергија за околу 120.000 домови.
Тоа значи дека фабриката дневно ќе може да обработи 5.000 метрички тони отпад. Енергијата што ќе ја произведе ќе биде доволна за 2.000 облакодери високи колку Бурџ Калифа или околу 2% од годишната потрошувачка на енергија годишно во Дубаи, пишува Inhabitat.
Дубаи ќе ја гради фабриката на површина од околу 20.000 квадратни метри, а ќе соработува со швајцарската компанија Hitachi Zosen Inova која произведува технологија за производство на енергија од отпад и со белгиската компанија BESIX. Изградбата ќе почне за неколку месеци, а фабриката ќе пред World Expo 2020.