Кон крајот на мај во сите земји од ЕУ стапува на сила Општата одредба за заштита на податоци која на корисниците ќе им донесе големи промени врзани за нивните права, додека компаниите кои ќе ги прекршат новите правила ќе добијат милионски казни. На новите правила ќе треба да се прилагодат сите компании со седиште во ЕУ, но и странските компании кои работат во земјите од ЕУ, односно тие што ги користат податоците на граѓани на ЕУ.
Една од компаниите кои навреме се подговуваат за промените е Facebook, па од компанијата најавија планови за стартување центар за приватност, во кој сите корисници на нивната мрежа ќе можат на едно место да управуваат со своите поставки врзани за приватноста. Иако уште не е најавено кога можеме да ја очекуваме новата опција на Facebooku, речиси е сигурно дека тоа ќе биде пред да се имплементира уредбата.
Facebook неделава веќе објави некои информации врзани со правилата за приватност до кои се придржуваат во компанијата и најавија едукативна кампања со која корисниците ќе ги запознаат со начинот на кој се користат нивните податоци, пишува Zimo.
Првото и најбитно правило е корисниците целосно да ја контролираат својата приватност и преку достапните поставки можат да изберат опции кои им одговараат најмногу. Исто така, преку едукативни видеа кои ќе се појавуваат на корисничките листи со новости (News Feed) корисниците ќе можат дополнително да се запознаат со начинот како да се користат сите опции врзани за приватноста и безбедноста на Facebook.
Второто правило се однесува на начинот на кој се користат податоците, а корисниците и со тоа правило ќе се запознаат преку видеа, додека третото правило до кое се придржуваат во компанијата се однесува на целосната посвета на заштитата на приватноста на сите корисници на мрежата. За да им овозможи максимална приватност Facebook соработува со експерти за прави, безбедност и заштита на податоци, инженери итн.