Чикаго е најдобар град за забава во светот

- Advertisement -

И покрај високата стапка на криминал, според едно истражување на британскиот магазин за култура и забава Time Out, американскиот град Чикаго е најдобро место во светот за забава и уживање. Третиот по големина американски град благодарение на бројните ресторани и кафулиња по втор пат е на чело на листата со најзабавни градови во светот. Веднаш по него следуваат Порто, Њујорк, Мелбурн и Лондон.

„Овој град на средината на американскиот Запад на посетителите им нуди безбројни можности за храна и пиење, забава и културни искуства на секој чекор“ вели Морган Олсен, уредник на списанието Time Out Chicago, пренесува Bizlife.

- Advertisement -

Списанието анкетираше 15.000 лица во 32 града од Мексико Сити до Бангкок барајќи од нив да ги рангираат градовите по храната, пиењето, културата, пријателскиот однос, гостопрмливоста, забавата и живоста. Ќикаго имаше натпросечни оценки за храната и пијалаците, но безбедноста е единствена маана. За Њујорк беше заклучено дека има најдобар ноќен живот, Парижаните имаат најдобар сексуален живот, а жителите на Остин, Тексас, имаат најдобра жива музика.

Сподели!
- Advertisement -