Вест на денот:  „eBay“  ја откажува услугата од „PayPal“ 

- Advertisement -

„eBay“, една од најголемите светски онлајн платформи одлучи да ја прекине соработката со „PayPal“ во обработката на плаќањата. Во соработка со холандската компанија „Adyen“, „eBay“ ќе започне полека во наредните месеци и години да ги презема посредничките услуги во наплатата на производи и услуги на својата интернет продавница.

Така, како примарен сервис за плаќање „eBay“ ќе нуди свое решение, наместо „PayPal“. Експертите велат дека најавеното преминување на решението на „Adyen“ за дигитални плаќања ќе потрае барем до 2020 година, кога истекува и важечкиот договoр меѓу „eBay“ и „PayPal“.

- Advertisement -

Се претпоставува дека на купувачите и после 2020 година „PayPal“ ќе им биде понуден како можен начин на плаќање, но неговата улога ќе биде споредна.

Сподели!
- Advertisement -