Осум причини зошто Instagram би бил добар за вашиот бизнис

- Advertisement -

Дали сте размислиле да отворите Instagram профил за вашиот производ или компанија? Во продолжение на текстот, прочитајте за осум причини зошто треба да го направите тоа и зошто треба дел од вашите ресурси да ги пренасочите на оваа брзорастечка социјална мрежа.

1. Иако е многу млад социјален медиум веќе 71% од големите светски фирми се наоѓаат на Instagram и ги рекламираат своите производи и услуги. Топ 3 брендови на Instagram се: Nike, Starbucks и Adidas Original.
2. Опсегот на постови на Instagram е за дури 15 пати поголем од Facebook и 40 пати поголем од Twitter.
3. Велат дека една слика вреди 1000 зборови. Доколку имате производ преку коj можете да ја пренесете пасијата на визуелна слика, тогаш Instagram е вистинската мрежа за вас.
4. Преку Instagram можете да дадете комплетна друга маркетинг насока на вашиот производ. Можете да прикажете што се случува „позади сцената“ односно целиот процес на производство. Многу ќе им значи на вашите клиенти да им покажете како се изработил или како настанал вашиот производ, така ќе ја зголемите довербата.
5. Или можете да покажете една друга страна на вашиот бренд. Тоа можете да го направите преку употреба на хумор во вашите слики.
6. На Instagram можете да поставите и видео од 15 секунди. Доколку додадете малку креативност преку различните филтри можете да добиете одлична видео реклама.
7. Можете и вие да ги следите вашите фанови што би довела една блискост и да им покажете дека се грижите за нив дали било преку оставање на коментар на нивните слики или едноставно „лајкување“.
8. За последно ќе го оставиме едноставен за употреба, се што ви треба е паметен телефон и доволно креатива.
Со 300 милиони корисници од кои повеќе од 70% се надвор од САД, се надеваме дека е доволна причина вашиот настап на социјалните медиуми да го проширите и да отворите Instagram канал.
(Marketing365)
Сподели!
- Advertisement -