Рајот за велосипедисти до 2050 година сака да биде независен од фосилни горива

- Advertisement -

Данската престолнина планира до 2025 година да стане јаглеродно неутрален, додека цела Данска до 2050 година одлучи да стане независна од фосилни горива!

Данската престолнина Копенхаген со нешто повеќе од половина милион жители денеска се смета за жива лабораторија за тестирање паметни технологии и решавање предизвици за урбанизација и климатски промени, додека единствениот пристап до податоци и ефикасното партнерство на јавниот и приватниот сектор привлекуваат и многу интернационални компании. Титулата “еден од најпаметните европски градови” најголемиот и главен град на Данска го доби со системската и силна поддршка за странски компании за доаѓање во Копенхаген за да станат дел од брзорастечката паметна градска индустрија, додека власта бесплатно им помага во потрага по бизнис партнери, можности за инвестиции и пазари за нови производи и технологии.

Според официјалните страници на Copenhagen Capacity, Данска е една од најисплатливите дестинации за инвестиции во Европа поради локалните платформи кои нудат информации за актуелни и идни инвестициски проекти, флексибилноста на пазарот на труд, висококвалификуваната работна сила и повoлнаta даночната стапка, како и фактот дека нема корупција во земјата. Засега има околу 250 компании кои се вклучени во паметните градски активности во проектот Greater Copenhagen, додека помалите компании чинат ⅔ од паметната градска индустрија нудејќи атрактивни можности за инвестиции како и можности за соработка со јавниот сектор. Атрактивноста придонесува и за Копенхаген да се посвети на постигнување енергетски ефикасна урбанизација, па така овој град до 2025 година планира да стане јаглеродно неутрален, додека цела Данска до 2050 година одлучи да стане независна од фосилни горива.

- Advertisement -

Таквите амбициозни цели и силниот политички фокус на одржлива економија во националната и во локалната власт создаваат мотивација за развој на паметните градови и го отвораат патот за големи тестови на паметните градски решенија во урбани средини и во реалниот живот. Делумно тоа е така затоа што во самиот центар на градот се наоѓа Street Lab, односно тест зона во Копенхаген за паметни решенија во реален урбан простор. Најмногу се застапени услуги како што се паметно паркирање, менаџирање со отпад, следење на чистотата на воздухот и нивото на бучава, градски WiFi и бројни други услуги наменети за подобрување на квалитетот на животот. Што се однесува на сообраќајот, Копенхаген има повеќе велосипеди отколку автомобили и често го нарекуваат рај за велосипедисти.

- Advertisement -

Во градот кој се смета за најнапреден и најпрогресивен европски град кога станува збор за паметните технологии дури и градските урбани градини и одржувањето на парковите е подигнато на сосема ново ниво. Имено, Копенхаген има за цел да засади уште 100.000 стебла, па стартуваа проект во рамките на кој испитаа паметни решенија за одржување на тие површини, како и намалување на потрошувачката на вода за наводнување. Решението кое го тестираа се сензори за влажност на тлото кои градинарите ги предупредуваат кои и кои стебла треба да се наводнат, со што се заштедуват водените ресурси.

(Poslovni Dnevnik)

Сподели!
- Advertisement -