INDUSTRY LEARN &TALK, нов настан на ФИНКИ и ИКТ индустријата

- Advertisement -

ФИНКИ во соработка со ИКТ индустријата во Македонија започнува серија на настани, наречена FINKI Industry Learn & Talk, насочени кон споделување на знаења и искуства меѓу ИКТ компаниите. Целта е настаните е да претставуваат заеднички простор, каде ќе се разменуваат искуства, ќе се промовираат технологии и ќе се споделува знаење меѓу компаниите. ФИНКИ останува отворен за ИКТ компаниите да предложат теми за идните настани како и активно да се вклучат во истите со свои експерти.

Првиот FINKI ILT 2018#1 насловен “Cloud Days” ќе се одржи од 13 дo 15 февруари, каде вработените во ИКТ секторот и Tech-ентузијастите ќе се фокусираат на cloud технологијата. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со нови технологии и да разменат искуства преку интеракција со компании кои работат директно со cloud технологиите.

- Advertisement -

Cloud Days е четиридневен настан, во склоп на Industry Learn & Talk серијалот од настани, наменет за вработени во IT секторот и останати tech ентузијасти. На настанот учесниците ќе можат да научат нешто повеќе околу технологиите што моментално го движат IT светот, и тоа директно од компании и поединци кои имаат вистинско работно искуство со нив.

Настанот ќе опфаќа теми како што се cloud architecture и cloud провајдери, микросервиси, и serverless architecture. Процесот на споделување на знаења ќе се реализира во форма на работилници, со презентации и практични демонстрации од страна на предавачите, на нивните искуства со користењето на овие IT технологии, како и дискусии и сесии со прашања и одговори со публиката. Како што укажува самото име, целта е учесниците да научат преку дискусија.

- Advertisement -

На настанот може да присуствуваат најмногу 80 учесници, од кои 50 ќе бидат претставници од IT индустријата, додека пак останатите 30 ќе бидат одбрани студенти. Сите заинтересирани компании можат да ја видат програмата и да се покажат интерес за учество на еден или повеќе денови на следниот линк.

Настанот го организираат ФИНКИ, GSG, и DoxTeam, со поддршка на студентскиот парламент на ФИНКИ. Како идни активности, предвидено е да се организира и вториот настан од оваа серија на тема DevOps во мај 2019 година, како и Саем за вработување и пракси „КОНТАКТ“ во организација на СПФИНКИ.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -