Кинескиот гигант за бела техника Haier заинтересиран за партнерство со словенечки Gorenje

- Advertisement -

Компаниите кои покажаа интерес за партнерство со групацијата Gorenje можат до 7 март да достават необврзувачки пондуи. Gorenje потоа ќе ги повика на длабинса анализа и ќе биде избрана една од компаниите кандидати. Како што објавија од Gorenje на интернет страницата на Ljubljanske borze Rothschild & Co., со Gorenjе во декември минатата година стапиле во контакт неколку меѓународни групации активни на пазарот за куќни апарати и слични индустрии. Gorenje го проверил нивниот интерес за стратешко партнерство со словенечката групација. Тоа партнерство вклучува и промена на сопственичката структура на Gorenjе, пренесува SEEBiz.eu.

Во втората половина од јануари Gorenje испрати информативен материјал и процедурални писма до заинтересирани страни во кои се дефинира временска рамка и правилата, според кои потенцијалните партнери можат да достават необврзна понуда до 7 март. Во втората фаза потенцијалните партнери ќе добијат дополнителни информации, како и пристап до виртуелна соба со податоци за групацијата Gorenje, а ќе можат да посетат и избрани локации од групацијата и да се состанат со раководството на Gorenjе.

- Advertisement -

Дневникот Finance известува дека кинескиот производител на бела техника Haier веќе почнал длабинска анализа на Gorenjе, а за него тоа го работи консултантската компанија PwC . Претставници на Haier треба да го посетат погонот на Gorenjе во Ваљево, Србија. Haier е еден од најголемите производители на бела техника во светот, а остварува приходи и од други индустрии како потрошувачка електроника и недвижности. Холдингот Haier лани оствари приходи во износ од 37 милијарди долари, што е за една петтина повече од 2016 година, а нето добивката му изнесува 1,2 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -