Apple подготвува алатка која на сите ќе им овозможи да развиваат апликации за VR уреди

- Advertisement -

Се ближи моментот кога Apple ќе го претстави нивниот прв уред за виртуелна и проширена реалност со кој оваа компанија ќе ги удри темелите за освојување на целосно нов пазарен сегмент со исклучително голем потенцијал .Според достапните информации, изгледа дека не треба да имаме големи очекувања од првиот модел. Имено, со цена од околу 3.000 долари тешко дека луѓето ќе се туркаат во редица за да го купат.

Со тек на време можеме да очекуваме нови генерации AR/VR уреди на Apple, кои ќе бидат се подобри, понапредни и ценовно попристапни. Но, освен самата технологија и цената, уште едно нешто ќе биде битно, а можеби и пресудно за успех на тој пазар – содржината.

- Advertisement -

Досега уште нема некоја апликација или игра за која луѓето би потрчале во продавница да ја купат. Apple уште сега преговара со некои потенцијални партнери како што е Disney и сами развиваат содржини за виртуелна реалност кои се фокусирани на здравјето и велнесот.

Освен тоа, според последниот извештај, Apple подготвува уште една алатка која треба на сите да им овозможи да развиваат апликации за виртуелна реалност. Имено, работат на софтверска алатка која врз база на она што ќе им кажат корисниците или девелоперите преку Siri ќе направи токму таква апликација. Значи, за таа алатка нема да треба да знаете да кодирате, да анимирате и сл. Исто така, апликациите создадени на овој начин ќе може да се постават во App Store.

- Advertisement -

(9to5mac)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -