Се подготвува 22. избор на 10 најуспешни менаџерки во Македонија

- Advertisement -

Нови десет жени бизнисмени ќе бидат прогласени за најуспешни во март годинава на 22. избор на Топ 10 најуспешни менаџерки што го организира агенцијата „Марили“. Подготовките се во тек. Десетте топ менаџерки се веќе избрани и доаѓаат од цела Македонија, а работат во областа на консталтинг, образование, медицина, производство, уметност и туризaм.

Генералната менаџерка на „Марили“, Лидија Трипуноска, вели дека годинава фокусот ќе биде ставен на тематскиот ден за здравјето и убавината во функција на современата жена.

- Advertisement -

„Изборот на најуспешните жени менаџерки традиционално ќе го одржиме по 22. пат. Изборот на 10-те најуспешни веќе е направен и се подготвуваме за денот за здравјето кој го организираме по четвртти пат.“, изјавила за МИА Трипуноска.

Насловен како „Дама Да“ ќе се одржи годинешниот тематски ден на кој ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики. Како специјална гостинка ја најавуваат српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

- Advertisement -

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20 годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Сподели!
- Advertisement -