Паника на Волстрит, акциите во слободен пад

- Advertisement -

Паника завладеа синоќа на Волстрит, каде што главниот индекс на Њујоршката берза драстично се намали по повеќемесечна берзанска еуфорија, за која претседателот на САД, Доналд Трамп, редовно упатуваше пофалби.

Dow Jones Industrial Average нагло падна во вториот дел од денот и во помалку од еден час премина прагови од 500, 1.000 и 1.500 загубени бодови. Тоа е најголем дневен пад од светската финансиска криза во 2008 година. Сега е на најниско ниво, со пад поголем од 10 отсто во однос на последниот рекорд регистриран на 26 јануари. По подоцнежното опоравување, пред крајот на денот Dow Jones падна за околу 4,60 отсто.

- Advertisement -

Технолошкиот индекс NADAQ загуби 3,78 отсто, додека S&P 500 во кој се 500 најголеми компании на берзите во САД, 4,10 отсто.

Таа корекција се случува во момент кога Џером Пауел ја презема должносат гувернер на американската Централна банка, каде што досега беше шеф Џенет Јелен, единствена жена на таа функција. Белата куќа синоќа објави дека „секогаш е загрижена кога вредноста на берзите паѓа“. Портпаролoт подоцна рече дека се работи за „краткорична флуктуација на пазарите“ и доддаде дека американската економија и понатаму е „многу силна“ и „оди во добра насока“. Стапката на невработеност во САД моментно е на најниско ниво во изминатите 17 години.

- Advertisement -

Си-Ен-Ен нагласува дека „со години на Волстрит немало толку страшен ден“ и оти акциите биле во „слободен“ пад.

Остриот пад на индексите е последица на стравувањата на инвеститорите од раст на инфлација и камати. И минатата недела, цените на акциите паднаа откако беа објавени податоци за голем раст на вработеноста и платите во САД. Тоа би можело да ја поттикне потрошувачката, а со тоа и инфлацијата, што може да ја наведе американската Централна банка да го забрза темпото на зголемувањето на клучните каматни стапки.

- Advertisement -

„Американскиот претседател Доналд Трамп се занимава со „основите“ на долгорочната економија, која и натаму е „исклучително силна“.“, соопшти Белата куќа по паниката поради падот на индексот на Волстрит.

„Претседателот се фокусира на нашите долгорочни економски основи, кои се исклучително силни, со јакнење на економскиот раст, историски ниската стапка на невработеност и раст на заработувачката на американските работници.“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Сподели!
- Advertisement -