Германската компанија Siemens соопшти дека е финализирано преземањето на фирмата од Крагуевац, Milanović Inženjering, која изработува алуминиумски делови за каросеријата на шинските возила, пишува N1.
„Со ова преземање, Siemens создаде оптимална позиција за сите идни проекти на компетитивниот пазар на шинската индустрија“ стои во соопштението на компанијата.
„Многу сме задоволни поради фактот што ова е втората фабрика која Siemens ја презема во Србија и се радуваме на идното успешно работење“ изјави генералниот директор на Siemens во Србија, Удо Ајхлингер.
Сопственикот на Milanović Inženjering, Братислав Милановиќ, изјави дека ова е неверојатна можност и за градот Крагуевац и за целиот регион Шумадија. Договорот за преземање не го вклучува одделот на Milanović Inženjering кој се занимива со третирање на води.
Фирмата Milanović Inženjering е основана во 2001 година, а нејзиниот промет во 2016 година изнесуваше 15,3 милиони евра со 430 вработени. Siemens веќе поседува фабрика за генератори во Суботица, која вработува околу 1.500 луѓе.