Во Македонија ќе се лансира апликација за понудата и побарувачката на иновативни технологии!

- Advertisement -

За прв пат во Македонија ќе биде изработена и лансирана мобилна апликација која ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачката на иновативни технологии на светско ниво со што се планира да се олесни трансферот на
иновативни технологии, а ќе биде и лансирана и национална награда за најдобрите иновативни компании.

Во рамки на проектот проектот „Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку развој
на капацитети за иновации“, финансиран од Европската Унија, кој стартува денес со конференција, ќе биде креиран онлајн курс за иновациски менаџмент, водич за иновации и водич за финансирање. Планирани се и обуки за мали и средни
компании на теми поврзани со европските програми за финансирање Хоризонт 2020 и
Инструментот за мали и средни претпријатија (МСП Инструмент) како и обуки за заштита на
интелектуална сопственост.

- Advertisement -

Проектот кој ќе биде имплементиран од страна на партнерските организации Фондација за Претприемачки сервис
за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и АРК Фонд од Бугарија се стреми кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.

Сподели!
- Advertisement -