Македонска филхармонија и Тиквеш: Спој на префинета музика и врвно вино

- Advertisement -

Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески, денеска соопшти дека културната институција и винарската визба Тиквеш ја официјализираат соработката мотивирани и иницирани од континуираниот стремеж да им се овозможи на љубителите на уметноста совршено уживање во префинети нешта, пренесува МИА.

„Чест ми е да го објавам официјализирањето на новата соработка на реномираната компанија Тиквеш, што започна со новата концертна сезона 2017/2018 на Филхармонијата. Особено ми е драго што на еден симболичен начин ја почнуваме соработката со најава за концертот на 14 февруари, кога се одбележува Денот на лозарите и Денот на вљубените“ нагласи Илиески.

- Advertisement -

Тој посочи дека Филхармонијата во изминатиот период остварила големи успеси, што се должи на унапредениот програмски дел, но и на новите простории.

Менаџерот за односи со јавност на Тиквеш, Елена Младеновска, наведе дека концертот што ќе се одржи на 14 февруари е дел од пошироката платформа насловена „Falling in wine with you“, со која Тиквеш ги обединува прославите на Денот на вљубените и празникот на лозарите и винарите преку нивниот заеднички именител – виното.

- Advertisement -

„Високото реноме на Македонската филхармонија, квалитетот и уметничкиот дострел се од големо значење за публиката и за уметноста. Оттаму, за нас беше логично да ги поврземе врвните македонски вина и брендот Тиквеш со една ваква институција“ истакна Младеновска.

Сподели!
- Advertisement -