Тања Фолновиќ од хрватскиот стартап Agrivi меѓу топ 10 жени иноватори во Европа

- Advertisement -

Тања Фолновиќ, раководителка на одделот за агрикултура на најуспешниот хрватски agri – tech стартап Agrivi, е една од десетте финалисти за наградата на Booking.com наречена Technology Playmaker Awards.

Како што пишува Poslovni Dnevnik, Фолновиќ во Лондон на меѓународниот ден на жената, 8. март, ќе ја запознае и сестрата на основачот на Facebook, Ренди Цукерберг, која во последниве шест години развива посебна компанија Zuckerberg Media.

- Advertisement -

Стартапот Agrivi започна во Хрватска и веќе е присутен на пазарите во сите држави од Јадранскиот регион, додека пак глобално, најважниот пазар на кој е присутен е индискиот. Инаку, вкупно е присутен на 150 пазари ширум светот, со тоа што во последен период се отворени неколку претставништва низ Европа.

Освен Фолновиќ, како претставничка на Хрватска, во финалето за наградата ќе се натпреваруваат и претставници од Австрија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Романија, Шпанија и од Велика Британија. Целта на наградата е да им се даде признание на жените од европскиот IT сектор кои го трансформираат работењето, индустријата и заедницата преку употреба на технологија.

- Advertisement -

Џилиан Танс, претседателката на Booking.com, вели дека наградата Technology Playmaker Award ја слави разноликоста и рамноправноста на половите. „Имавме кандидатки од различни позадини и во различни фази од нивната кариера и тоа од млади жени претприемачи до технолошки иноваторки. Возбудени сме што ќе го прославиме нивниот успех и ќе поттикнеме поголема иновативност“ изјави Танс.

Сподели!
- Advertisement -