Формирана првата Асоцијација за развој на е-трговијата во Македонија

- Advertisement -

Официјално, оваа година започнува со работа првата македонска асоцијација за е-трговија. Како што пренесува порталот IT.mk Grouper заедно со Бизнис Конфедерација на Македонија се едни од главните основачи и иницијатори за формирање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).

Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Нина Ангеловска. Таа моментално соработува и со Македонски Телеком како консултант за бизнис и е-трговија и беше вклучена во Форбс листата ”30 Under 30” во Retail & eCommerce.

“Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни”, вели Ангеловска.

- Advertisement -

Првиот проект на кој работи асоцијацијата е изготувавање на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија. Ангеловска посочува дека ова ќе биде појдовната точка за понатамошните активности и проекти на асоцијацијата. Првата прес конфереција, на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата, ќе се одржи на крајот на месец март на која ќе бидат и официјално објавени членките на оваа асоцијација, кои ќе бидат вклучени во процесот на подобрување на е-трговијата во Македонија.

Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Во Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој.

Сподели!
- Advertisement -