Општина Центар дел од акцијата „На работа со велосипед“

- Advertisement -

Општина Центар по повод Меѓународниот зимски ден на одење на работа со велосипед кој се одбележува денес, ги повикува сите жители и своите вработени да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа.

„На работа со велосипед“ („Bike to Work“) е годишен настан кој се одржува на различни денови насекаде во светот, со цел промоција на велосипедот како превозно средство до работа.

„Со ова се подига свеста за користење на ова превозно средство за да се придонесе кон намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и за почиста животна средина.“ се вели во соопштението од општина Центар.

- Advertisement -

Општината ги повикува сите граѓани да се регистрираат на сајтот: https://winterbiketoworkday.org/ и да постираат слики со интернационалниот хаштаг #winterbiketoworkday 

Сподели!
- Advertisement -