Јужна Кореја и Шведска се најиновативните земји во светот

- Advertisement -

Јужна  Кореја и Шведска се најиновативните земји во светот според Индексот на иновативни земји, кој го изготвува Bloomberg врз основа на податоци од повеќе извори како што се Светска банка, ММФ и ОЕЦД.  Индексот зема предвид повеќе фактори како што се концентрацијата на технолошки компании до бројот на дипломци од научните области и инженеринг и ја потенцира Јужна Кореја како земја каде што компаниите поднеле најмногу патенти во 2017 година.

Како што пишува Светски економски форум, електронскиот гигант Samsung е највредната компанија од Јужна Кореја и има одобрени повеќе патенти во САД отколку која било друга компанија после IBM од почетокот на овој милениум. Шведска е на второ место поради својата репутација на европска метропола на технолошки стартапи. Скандинавската земја е дом на најголемите технолошки компании во Европа и главниот град на Шведска, Стокхолм, е на второ место по бројот на компании еднорози (стартапи со проценета вреднос над 1 милијарда долари)  по жител после Силиконската долина.

- Advertisement -

САД за прв пат по шест години испаднаа од топ 10 во новиот индекс 2018 Bloomberg Innovation Index. Bloomberg тој пад го припишува на падот на рејтингот на високото образование во земјата – од 9-то на 11-то место. Освен тоа, од Bloomberg тврдат дека САД паднале и на полето на производството со додадена вредност.

Ова се топ 10 најиновативни земји во светот според Bloomberg.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -