Компанијата Facebook почна да ја тестира новата опција downvote, која ќе се појавува покрај опциите like и reply при коментирање на некои објави. Downvote потсетува на dislike, но корисниците ќе можат да ја користат за давање негативни оценки на коментарите кои не им се допаѓаат.
Од популарната социјална мрежа им потврдија на светските медиуми дека нивната цел е ова да биде метод за отстранување на негативните и лошите коментари на јавните објави. Корисниците кои ќе кликнат на downvote повеќе нема да го гледаат коментарот на кој му дале негативна оценка. Потоа Facebook ќе им постави прашање дали коментарот бил навредлив, збунувачки или не бил поврзан со темата.
„Истражуваме начин на кој корисниците можат да ни дадат повратна информација за коментарите на јавните објави. Оваа опција моментално е достапна за мал број луѓе во Америка“, изјави портпаролот на Facebook.
Марк Цукерберг пред неколку дена вети дека оваа година ќе инвестира во промена на начинот на кој им даваат приоритет на објавите. Токму затоа на социјалната мрежа се повеќе ќе гледате објави од своите пријатели и од семејството наместо од организации, компании и медиуми.
Давајќи им можност на луѓето лично да влијаат на јавното однесување на Интернет, Facebook ќе има подобар увид во темите и дискусиите кои ги интересираат луѓето. На овој начин социјалната мрежа сака да поттикне позначителна интеракција и за ги избегне јавните навреди.