Бројот на средношколци во Македонија се намалил за 15 илјади за само четири години!

- Advertisement -

Бројот на ученици запишани во јавните средни училишта во Македонија е намален за 17,5% во период од четири години!. Од 85.038 ученици во учебната 2013/14 година бројот на ученици паднал на 70.139 ученици во учебната 2016/17, покажа студијата „Помалку ученици, поголеми трошоци: Како до потранспарентно трошење на јавните средства во средното образование?“ чии автори се д-р Мишо Докмановиќ, д-р Катерина Шапкова-Коцевска и д-р Дарко Спасевски.

„Она што прво паѓа в очи е дека во 2013 година во сите години – прва, втора, трета и четврта, во средното образование имало 85 илјади ученици, а во 2017 година – 70 илјади. Тоа значи дека бројот на ученици е намален за 15 илјади за само четири години“, рече проф. д-р Дарко Спасевски, кој констатира дека најголема причина за овој негативен тренд се демографските движења.

- Advertisement -

Во истражувањето, како што нагласи проф. д-р Катерина Шапкова-Коцевска, трошоците за јавните набавки се зголемени од 139.242.875 денари во 2014 година на 220.837.755 денари во 2016 година, односно за 58 проценти.

Проф. д-р Мишо Докмановиќ истакна дека прашањето за средното образование и понатаму ќе биде во доменот на истражување на Институтот за стратешки истражување и едукација. Тој истакна дека проектот „Будно око“ е насочен кон подобрување на следењето и пристапот до информации за трошењето на јавните пари во средното образование на Македонија. Во пракса платформата за  следење на трошењето на јавните средства во средното образование – www.budnooko.mk им овозможува на родителите, на средношколците, на медиумите и на други заинтересирани страни да го следат трошењето на јавните средства по разни основи од страна на средните училишта.

- Advertisement -

Истражувањето е подготвено во рамките на проектот„Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во  Југоисточна Европа“ (Accountability, Technology and Institutional Openness Network in South East Europe – ACTION SEE), финансиран од Европската Унија.

 

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -