Qpick – платформа која ги поврзува бизнисите и купувачите, добитник на наградата за иновативност на Охридска Банка

- Advertisement -

Qpick е нова иновативна платформа која се појавува на македонскиот пазар како добитник на наградата за иновативност на Охридска Банка. Нивната главна цел е со помош на мобилна апликација да ги спојат бизнисите и сопствениците на продавници со купувачите.

Платформата го овозможува ова преку GPS технологија, со тоа што корисниците на апликацијата ќе можат да ги добиваат најновите понуди и попусти од нивните омилени продавници на нивнит смартфон додека се во движење, односно во близина на нивните омилени продавници.

- Advertisement -

Од друга страна, Qpick им овозможува на бизнисите да ги таргетираат своите понуди и да бидат сигурни дека нивните промоции стигнале до вистинското место.

Апликацијата ќе биде официјално лансирана на 14 февруари, а ќе бидат организирани и забави на неколку локации со подароци за корисниците.

- Advertisement -

Повеќе за платформата, односно за мобилната апликација можете да прочитате на следниов линк, со тоа што можете да изберете опција за бизниси или потрошувачи. Апликацијата е поддржана од Охридска банка.

 

Сподели!
- Advertisement -