Qpick е нова иновативна платформа која се појавува на македонскиот пазар како добитник на наградата за иновативност на Охридска Банка. Нивната главна цел е со помош на мобилна апликација да ги спојат бизнисите и сопствениците на продавници со купувачите.
Платформата го овозможува ова преку GPS технологија, со тоа што корисниците на апликацијата ќе можат да ги добиваат најновите понуди и попусти од нивните омилени продавници на нивнит смартфон додека се во движење, односно во близина на нивните омилени продавници.
Од друга страна, Qpick им овозможува на бизнисите да ги таргетираат своите понуди и да бидат сигурни дека нивните промоции стигнале до вистинското место.
Апликацијата ќе биде официјално лансирана на 14 февруари, а ќе бидат организирани и забави на неколку локации со подароци за корисниците.
Повеќе за платформата, односно за мобилната апликација можете да прочитате на следниов линк, со тоа што можете да изберете опција за бизниси или потрошувачи. Апликацијата е поддржана од Охридска банка.