Ќе се одржи првиот Пивски салон на домашни производители на занаетчиско пиво во Македонија

- Advertisement -

Во последниве години е забележано поместување на македонската пивска сцена, а потрошувачите сѐ повеќе ценат и бараат занаетчиско пиво или уште познато како крафт пиво.

Ваквите занаетчиски пива најчесто не можат да се најдат во продажба зошто се во мали количини и производителите најчесто ги служат само во своите крафт пиварници. Затоа, ова претставува ретка и ексклузивна можност за љубителите на пиво да пробаат дел од овие мали дела на големите мајстори.

- Advertisement -

Некои се создадени од 100% локални состојки и се еден вид на мал експеримент дека и од тоа што може да се најде на ова поднебје може да се создаде добро пиво. Околу десет производители ќе ги изложат своите пива, секој според своите можности и капацитети и во ограничени количини. Веќе се најавени неколку учесници – производители на занаетчиско пиво од Велес, Куманово, Битола и Скопје, а се очекуваат и учесници од Грција, Србија и Естонија. На настанот ќе биде изложена и храна во која пивото е додадено како состојка.

Организаторите велат дека ќе го искористат салонот како еден вид платформа преку која ќе упатат апел до властите да се донесе законска регулатива за да можат малите производители на пиво да излезат на пазарот со своите производи.

- Advertisement -

Идејата за организација на ваков настан доаѓа поради експанзијата на регионалната пивска сцена, а крафт пиварите или занаетчиските пивари веќе се појавуваат почесто и низ целиот Балкан.

Пивскиот салон ќе се одржи на 3 март годинава во кафулето Кашмир во Скопје и ќе трае од 15 до 18 часот. Влезот ќе чини 200 денари и при плаќањето секој посетител ќе добие чаша за дегустација на пивата кои ќе бидат изложени.

- Advertisement -

За повеќе информации посетете го Facebook настанот на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -